Фабрика во Иран произведува американски и израелски знамиња за палење

Во најголемата фабрика за производство на знамиња  во Иран се произведуваат американски, британски и израелски знамиња кои иранските демонстрантите ги палат.

Фабриката се наоѓа во градот Хомеин, југозападно од Техеран, и во неа вработените рачно изработуваат знамиња.

Месечно се произведуваат околу 2.000 американски и израелски знамиња.

Како што пренесуваат светските агенции, во период на засилени тензии меѓу САД и Иран, по убиството на иранскиот воен командант Касем Сулејмани, демонстрантите редовно палат американски, британски и израелски знамиња на митинзи и протести.