Facebook ќе ги врати австралиските вести по измените на законот за медиумите

Најголемата социјална мрежа во светот Facebook потврди дека ќе ги врати австралиските новински страници откако Канбера понуди измени на предложениот закон осмислен за да технолошките гиганти ги принуди да ја плаќаат медицинската содржина кои прикажуваат на нивните платформи, соопшти во вторникот австралиската влада.

Австралија и Facebook се во слепа улица повеќе од една седмица, откако владата предложи закон кој се заканува за доминацијата на Facebook и на Alphabet на најголемиот интернет пребарувач Google на пазарот на медиумските содржини.

Facebook минатата седмица ја блокираше целата медиумска содржина и неколку проили на австралиската влада и на одделите за итните случаи. Но по неколкуте преговори меѓу министерот на државната каса Џош Фриденберг и челникот на социјалната мрежа, Марк Цукерберг во текот на викендот, договорена е отстапка.

Австралија сега ќе понуди четири амандани, кои вклучуваат и измена на задолжителниот арбитражен механизам кој се користи кога технолошките гиганти не може да постигнат договор со медиумските куќи по прашањето на чесно плаќање за прикажувањето на медиумската содржина.

„Задоволни сме што австралиската влада се согласи на одреден број измени и гаранции кои се занимаваат со клучните проблеми во врска со дозволување на комерцијалните договори кои ја препознаваат вредноста на нашата платформа во замена за вредноста која ја примаме од медиумските куќи“, се вели во писмената изјава на Facebook.

Амандамните вклучуваат двомесечен период за медијација пред да се вклучу посредник кој го избрала владата, давајќи им време на двете страни да дојдат до приватна спогодба. Се внесува и правилото за придонес на интернетските компании за „одржливоста на австралиската медиумска индустрија“ преку постојните договори кои треба да бидат земени предвид.

Оваа проблематика се следи и разгледува и на меѓународна сцена, бидејжи други земји, како Канада и Велика Британија, разгледуваат носење на сличен закон. Австралија, пак, претходно најавуваше дека нема да го менува предложениот закон.

„Овие амандмани ќе донесат натамошна јасност на дигиталните платформи и медиумските куќи по прашањето како законикот би требало да се однесува и да ја зајакне рамката која им обезбедува на медиуските куќи да добиваат чесен надомест“, изјави Фриденбург.

Портпаролот на австралиската медиумска кужа и телевизија Nine Entertainment Co. го поздравил владиниот компромис, за кој вели дека го потиснал „Facebook наназад во преговорите со австралиските медиумски куќи“. Портпаролот на Google одбил да коментира за Reuters.

Претседателот на австралиската Комисија за заштита на конкуренцијата на пазарот и на потрошувачите, Род Симс, главниот автор на законот, не бил веднаш достапен за коментар. Во својот говор претходно во вторникот, Симс одби да одговори на прашањата за нерешениот исход, имајќи предвид дека прашањето беше поставено пред парламентот.