Facebook ќе ги забрани „дипфејковите“, не и семејните видео снимки

36

Најголемата светска социјална мрежа Facebook ќе ги забрани ткн „дипфејкови“, односно видео снимки изменети со помош на вештачката интелигенцијата со која се заменуваат лица или се изменуваат зборови кои ги изговара некоја личност, објави во вторникот компанијата.

Во одлуката објавена на својот блог, Facebook наведува дека ќе ги отстрани видо-снимките кои се изменети на начин кој е очигледен, поради што може да ги измами корисниците на интернет, кога станува збор за изјави на некои личности, а кои се изработуваат со помош на вештачка интелигенција којашто „меша, заменува или додава“ некои содржини во видеото како да е „автентично“.

Одлуката не се однесува на „семејните или сатирични содржини“ или на видео-снимките кои се монтирани така што се изоставени зборови или им е променет редоследот, се прецизира во писмента изјава на потпретседателката на Facebook, Моника Бикерт.

Исто така, Facebook ќе продолжи со отстранувањето на аудиовизуелните содржини кои ги „нарушуваат стандардите на заедниците“, и силно ќе го намали бројот на оние коишто ги следат содржините кои надворешните контролори со коишто соработува ќе ги означат како лажни.

Во 2016 година Facebook покрена програма за проверка на вистинитоста на содржините кои се објавуваат на неговите страници и на Instagram во соработка со надворешните контролори (Third party fact-checking) во кои учествуваат шеесетина медиуми ширум светот.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.