Facebook ги забрани објавите за изборна измама

Од средата Facebook ги забрани објавите дека изборите се измама, кои сугерираат дека резултатите од американските претседателски избори нема да биде реален и објавите во кои се напаѓа методот за гласање.

Овој потег го преземаа во Facebook откако оцениле дека актуелниот претседател Доналд Трамп кога ден претходно се соочи во првата телевизиска дебата со противкандидатот Џо Бајден и ја искористил можноста за „неоснованото“ тврдење дека изборите на 3-ти ноември може да бидат „наместени“.

Трамп, и неговите републиканци, веќе подолг период го критикуваат гласањето по пошта и во дебатата повторно тврдеше дека изборната измама веќе се одвива. Тоа го аргументираше се неколку различни инциденти.

Facebook е критикуван бидејќи одбива поширока проверка на политичките објави поради наводно раширените дезинформации.

Исто така, од Facebook ги отстрани објавите на кампањата на Трамп кои сугерираат дека мигрантите може да бидат значаен извор на зарази со коронавирусот. Компанијата се повика притоа на правилата за говорот на омразата.

Со забраната на предизборни објави ќе бидат опфатени оние кои „ги прикажуваат изборите или учествувањето на изборите како бескорисно/бесмислено“ или оние кои „како противзаконски го делегимитираат секој законски метод и процес на гласање, како и пребројувањето на гласовите“, се наведува во соопштението.

Компанијата додава и дека ги забранила објави кои „ги величаат, поддржуваат и преттавуваат воените движења и QАnon (десничарската теорија на заговор)“ на нејзината платформа.

Во Facebook ќе ги пренасочуваат корисниците на веродостојни извори според нивна процена кога ќе пребараат одредени хаштази за безбеедноса на децата, бидејќи приврзаниците на движењето Qanon за регрутирање сѐ повеќе користеле хаштази како #savethechildren, објави социјалната мрежа.