Facebook го блокира профилот на Французинот кој го пренесува своето умирање

Alain Cocq, in his flat in Dijon, northeastern France. (Photo by PHILIPPE DESMAZES / AFP)

Компанијата Facebook објави во саботата дека на својата истоимена социјална мрежа ќе го блокира преносот на своето умирање на Французинот Ален Кок кој боледува од неизлечива болест.

Претходно на 57-годишниот Ален Кок, францускиот претседател Емануел Макрон му ја одби молбата за потпомогнато самоубиство, односно евтаназирање, со објаснување дека не може да се биде над законите. Некои групи, меѓу кои и влијателната Католичка црква се противат на евтаназијата од етички и верски причини.

Поради тоа овој жител на Дижон одлучи да престане да зема храна, пијалаци и лекови.

„Започнува патот на ослободувањето и, верувајте ми, среќен сум“, изјави Ален Кок, на својата страница на Facebook малку по полноќ кон саботата. „Го земав својот последен оброк, престанувам да земам течности и лекови. Знам дека ме очекуваат тешки денови, но донесов одлука и сум мирен“, додаде Кок.

Всушност, Кок со својата постапка има намера да влија врз законот „Клаис-Леонети“ од 2016 година дозволува длабока седација, но само за лица за кои лекарите предвидуваат смртен исход во кус рок. Меѓутоа, Кок кој за себе вели дека е во „терминална фаза веќе 34 години“ бидејќи боледува од исклучително ретка дегенеративна болест поради која му се лепат ѕидовите на артериите, не може да докаже дека брзо му се ближи крајот.

За на Французите да им покажe „на каква агонија се осудени“ со споменатиот закон Леонети, Кок на Facebook директно започна директно пренесува своето умирање и предвидува дека тоа ќе трае „четири до пет дена“ од саботата наутро.

Меѓота, Facebook го блокираше неговиот план во живо да го пренесува своето умирање, објаснувајќи дека едноставно не дозволува објава на призори од самоубиства.

„И покрај тоа што ја почитуваме неговата одлука со желба да го привлече вниманието на своето сложено прашања, по советите на стручњаците преземавне мерки да го спречиме преносто во живо на профилот на Ален. Нашите правила не ни дозволуваат да прикажување призори од самоубиства“, изјавил за AFP портпаролот на социјалната мрежа.

Кок во меѓувреме објави дека Facebook му го пренесува преносто до 8-ми септември. Ги повика своите првиврзаници да се обидат да ја убедат социјалната мрежа да го промени ставот. „Сега редот е на вас“, порача.