Facebook им овозможил на некои компании привилигиран пристап до податоци за корисниците

Најголемата социјална мрежа Facebook им овозможувала на некои компании, меѓу кои се Netflix и Airbnb, привилигиран пристап до податоците за корисниците, покажуваат документите коишто во средата ги објави пратеник во британскиот парламент.

Апликацијата за наоѓање на партнер Badoo и за транспортни услуги Lyft, исто така, биле на листата на компаниите кои ја имале споменатата привилегија, според податоците коишто ги објави британскиот пратеник Демијан Колинс. Тој ги добил документите од програмерската компанија за развој на апликации Six4Three која моментално води судска битка со Facebook.

„Документите кои Six4Three ги собрал за својот невтемелен случај само се дел од приказната и претсевени се на начин кој мами, бе поширок контекст. Стоиме на промените кои ги воедовме во 2015 година со цел да се спречи споделувањето на корисничките податои на други компании“, изјавил портпаролот на Facabook.

Објавената преписка вклучува електронски пораки кои челникот на Facebook, Марк Цукерберг, ги разменувал со високопозиционираниот директор Џастин Острофски во 2013 година, а во коиштео се забранува пристап до податоците за Vine услуга за размена на видео содржини во сопственост на Twitter.

Меѓу електронската пошта е и преписката меѓу Facebook и неколку други технолошки компании во кои првата се согласува да додаде некои нови апликации кои се листа на оние кои веќе имаат пристапл до корисничките податоци на оваа социјална мрежа. Освен Badoo, тука биле вклучени и апликациите за запознавање Hot or Not и Bumble.

Меѓутоа, на некои барањето за пристап до податоците им било одбиено, вклучително и за услугата за продажба на влезници Ticketmaster, за сервисот за куси видео содржини Vine во сопственост на Twitter и на апликацијата Airbiquity.

Во компанијата велдат дека, како и секоја друга компанија, имаче интерни разговори за начините на помош со коишто сакаат изградат одржлив деловен модел. „Фактите се јасни. Никогаш не сме продале податоци на нашите корисници“, тврдат во Facebook.