Facebook во 18 часот ќе им jави на корисниците дали се злоупотребени

Корисниците на социјалната мрежа Facebook во 18 чадот по македонско време ќе добијат известување дали се наоѓаат меѓу 87-те милиони лица чиишто податоци ги користела британската пиар агенција Cambridge Analytica, пренесе во понеделникот BBC.

Секој корисник на социјалната мрежа ќе добие една или две нотификации за тоа дали се употребени неговите податоци.

Facebook на корисниците ќе им јави и кои апликации ги користат и какви податоци тие собрале. Технолошкиот гигант во пресрет на истрагата ја суспендираше и компанијата „Cubeyou“.

Ќе се истражува дали оваа компанија за анализа на податоците собирала информации за академски, а потоа ги користела за комерцијални цели, во соработка со прославениот универзитет Кембриџ.

Fаcebook е изложен на остри критики откако коосновачот на компанијата „ Cambridge Analytica“, којашто се занимава со обработка на податоци, откри дека информациите за повеќе десетици милиони корисници на социјалната мрежа биле преземени без нивна согласност и користени во политички кампањи.

Аферата со личните податоци на мрежата, ја натераа копанијата сериозно да се позанимава со заштитата на податоците на своите корисници, а првите промени доаѓаат уште денеска. Поголемиот дел од корисниците уште денеска на врвот на својот њусФид ќе можат да видат кои апликации ги користат, но и сите лични информации кои тие апликации ги користат.

Според изјавите на технолошкиот директор на Facebook, Мајк Шропфер, корисниците ќе имаат можност полесно да ги тргаат апликациите кои веќе не ги сакаат. „Веруваме дека овие промени поквалитетно ќе ги штитат информациите на нашите корисници“, изјави.

Во меѓувреме, кризата продолжува, така што основачот и извршен директор на оваа социјална мрежа, Марк Цукерберг, во вторник првпат ќе одговара на прашања на претставниците на американскиот Конгрес, кои се сѐ покритични кон Facebook. Откако во неколку наврати си ги призна грешките и вети подобрување, Цукерберг најави нови мерки во борбата против политичката манипулација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.