Facebook затвори групи кои повикуваат да се спречи „кражбата на гласови“ на изборите во САД

Најголемата социјална мрежа Facebook ја затвори групи кои повикуваат да се „прекине броењето“ и да ги се спречат демократите во „кражбата на гласовите“, како што обвинуваат о републиканците и нивниот актуелен претседател Доналд Трамп, додека продолжува гласањето во останатите сојузни држави кои ќе решаваат за победникот на американските претседателски избори.

Групата „Да ја запреме кражбата“ во четвртокот попладнето се зголеми на повеќе од 350.000 членови пред Facebook да ја угаси.

„Групата настанала на делегимитирањеот на изборниот процес и видовме загрижувачки повици од некои членови на групата на насилство“ рекол без да приложи докази портпаролот на компанијта за AFP

И мрежата за микроблогирање Twitter, којашто како и Facebook во текот на кампањата ги редуцираат објавите на претседателот Трамп, во четвртокот затвори речиси половина од објавите на републиканскиот претседател по изборната ноќ од вторникот кон средата, со ознака дека наводно „доведуваат до заблуда“.