Фајман: Австрија нема да гради огради долж границата

Австрија нема да гради огради долж границата. Австрискиот канцелар не се сложува со предлогот на дел од членовите на неговата влада, кои веќе најавија дека земјата би можела да изгради огради, поради огромниот наплив на мигранти.

Нема да има огради на граничните премини кон Унгарија, ниту кон Словенија, порача австрискиот канцелар Вернер Фајман во изјава за австриската државна телевизија ОРФ, пренесува Танјуг.

Фајман на тој начин реагираше на налогот на министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-Лајтнер за изработка на планот за „градежни мерки“ на границата кон Словенија за кој рече дека „секако се работи за изградба на ограда“, но со објаснување дека секоја ограда има и капија.

Канцелрот истакна дека министерката треба да предложи што точно планира на границата кон Словенија, и исто така со Германија да разјасни дали е неопходно нешто да се менува во однос на прашањето за контрола на границата.

Според неговите зборови, јасно е дека нема да има помалку бегалци без оглед на техничките средства што ќе се користат или организационите промени. Тој оцени дека за намалување на бранот бегалци неопходно е пред се да се подобри состојбата во кризните региони.

Изградбата на ограда во Австрија ќе предизвика домино-ефект

Поради најавата…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.