Aвстрискиот канцелар Вернер Фајман по повод тензичниот однос меѓу Виена и Атина, порача дека Австрија не е надворешна граница на ЕУ, туку Грција, како и дека Австрија морала да стане активна затоа што нема европско решение.
Тој во интервју за австриски „Курир“ изјави дека Грција неможе да бара од Австрија да прими над 200.000 лица или повеќе.
Грција минатата година прифати 11.000 азилобаратели, а Австрија 90.000. Грција, а не Австрија се наоѓа на надворешната граница на ЕУ и таму би требало да функционира распределбата, порача Фајман.
Австрија според неговите зборови, секогаш била за европско решение, но тоа не е донесено благовремено, па морала самостојно да стане активна.
Австрија е на балканската рута првата земја низ која бегалците освен што транзитираат бараат и да останат. Се додека е така и Австрија се да прифати, другите земји може и понатаму да спијат. Покрај тоа, и во Германија се промени расположението. Минатата година луѓето стоеја на станиците со транспаренти за добредојде, а од тоа денес веќе ништо неможе да се види. Ние во Австрија неможеме да го применуваме правото на азил за цела ЕУ, рече тој во образложението за одлуката за одржување на конференцијата со земјите од западен Балкан, која наиде на критика од Грција и од ЕК.
На констатацијата дека тој беше близок со грчкиот премиер алексис Ципрас и на прашањето дали со него разговарал неодамна Фајман вели дека имал емотивен разговор на минатиот Совет на ЕУ.
Му реков дека Грција секогаш ќе ја поддржувам кога ќе стане збор за спречување на политиката за прекумерно штедење, но исти така дека тој и ЕУ не треба да се потпираат на тоа дека ќе може само да ги пропуштаат бегалците. Не е доволно на жешките точки (местата за регистрација) да се земаат само отпечатоци од прстите на бегалците и потоа од островите да се донесат на копно од каде го продолжуваат патт. Жешките точки не се замислени како туристички агенции, туку треба преку нив бегалците или да бидат вратени или распределени низ Европа, вели тој.
Фајман ја критикуваше и ЕК велејќи дека голем број задачи се затекнати и дека веќе 14 години е без резултатот за преговори со Мароко во договорот за реадмисија.
-Не се дури ниту во состојба да создадат правна основа Португалија да добие 3.500 бегалци од Грција што таа земја доброволно сака да ги прифати. Јас би морал бегалците да ги транспортирам илјадници километри од Австрија во Португалија, откако претходно пешачеле преку Балканот до Австрија. Со тоа асвтрија би станала жешка точка, а тоа несмее да се случи, нагласи тој.
Фајман призна дека Австрија е изложена на масивни критики од страна на Грција и Германија, затоа што на тие земји им е поедноставно ако Австрија ги прими сите бегалци.
Имаме јасно мнозинство земји на ЕУ на наша страна што вечат дека е неопходно да се преземат национални мерки поради недостатокот на европско решение. Но, кога станува збор за распределба на бегалците во сите држави во ЕУ ги губиме партнерите. Така на пример, земјите од Балтикот ја поддржуваат Австрија по првото прашање, но се против распределбата, укажа тој.
Фајман најави дека Австрија единствено ќе настапува во Европа и дека секој претставник на таа земја може со доверба и јасно и гласно да каже дека Австрија минатата година, по Шведска примила најголем број бегалци во Европа.