Фајон: Повторното воведување на визи е можно

Актуелните најави за можно укинување на безвизниот режим на Србија со ЕУ поради зголемениот број на азиланти досега се најсериозни, бидејќи на деветти јануари стапуваат на сила измените на регулативата на ЕУ за тоа прашање, вели пратеничката на Европскиот парламент, Тања Фајон, за српските медиуми.

„Ме загрижува големиот број на лажни азиланти од Србија како и популистичката реторика на Германија и Велика Британија во последно време, која е многу негативна кон мигрантите и азилантите“, рекла Фајон.

Таа објаснила дека можноста новиот механизам за привремено укинување на визите може да се примени во случај на значително зголемување на бројот на азиланти кои го злоупотребуваат безвизниот режим, зголемување на неоснованите молби за азил и непочитување на договорот за реадмисија и изразила уверување дека нема да се активира тој механизам, иако таа можност од деветти јануари ќе постои.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.