Факти за човековото тело кои ретко кој ги знае

Дали се знаеле дека во текот на животот губите и до 18 килограми кожа, дека не можете да се скокоткате себе си и дека со исплуканата плунка можете да наполните два базени.

Човековото тело е се’ уште една голема мистерија која научниците непрекинато ја истражуваат за да можат да ги откријат неговите тајни.

Меѓу сите тие необични факти, издвојуваме 10 најинтереси за кои многумина никогаш и не слушнале:

1. Носот има неверојатна меморија, бидејќи е во состојба да запамети до 50 илјади различни мириси.

2. Со околу 500 илјади жлезди, нашите стапала можат да произведат и до литар ипол пот дневно.

3. Количината на плунката која се произведува во текот на животот може да наполни два базени.

4. Невозможно е да се скокоткате сами себе си.

5. Единствените цицачи кои можат да дишат и голтаат истовремено се луѓето.

6. Околу 40 илјади километри е должината на човечките крвни садови, што е доволно со нив Земјата да се замотка околу екваторот.

7. За 30 минути човековото тело може да произведе доволно топлина за да се загреат два литра вода.

 

8. Во текот на животот, човекот во просек губи 18 килограми кожа.

9. Мажите произведуваат близу 10 милиони сперматозоиди дневно што доволно да се обнови човештвото за шест месеци.

10. Женските јајници произведуваат 500 илјади јајчани ќелии од кои само 400 можат да бидат оплодени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.