Факти за женската сексуалност кои сигурно не сте ги знаеле

Женското тело претставува вистинска мистерија. Многу работи се нејасни, од тоа што ги возбудува жените, како постигнуаат оргазам, па се до тоа зошто не успеваат да останат трудни.Но, еве некои работи кои можат да помогнат:

Некогаш месечината ја одредуваше плодноста на жената

Иако во денешно време звучи нереално, порано менструалниот циклус на жените бил поврзан со месечевите мени. Така што жените менструација имале за време на млада месечина. Додека поголемиот број имале овулација за време на полна месечина. Денеска тоа е пореметено поради многу причини.

Жените можат да забременат пет до осум дена по сексот

Истражувањата покажале дека спрематозоидите во жените можат да преживеат преку една недела пред да ја оплодат јајце клетката.

Носењето потпетици лошо влијае на оргазмот

Одредени брендови на чевли со високи потпетици имаат лак кој наликува на лакот на женската карлица во текот на оргазмот. Потпетиците создаваат контракции во пределот на карлицата, на што телото се навикнува што може да биде проблем. Грлото на матката не може да оствари вистински контракции во текот на оргазмот, а со тоа и уживањето е помало.

Оргазмот ја губи креативната страна

Истражувањето покажало дека оргазмот кај жените ја подига самодовербата, продуктивноста и креативноста. Од друга страна, дамите постигнуваат подобри оргазми кога се креативни.

Контрацептивните пилули го намалуваат либидото

Контрацептивните пилули можат негативно да влијаат на сексуалната желба кај жените.Либидото може да биде слабо и години по земањето пилули.Жените кои ги пијат и сами забележуваат како реагираат.