Фалкао не сака соработка со специјалниот Мурињо

Најскапата аквизиција во клупската историја на францускиот прволигаш Монако, колумбискиот интернационалец, Радамел Фалкао, откри дека се уште е невозможна евентуалната соработка со контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо.

„Дали сакам да игра за Жозе Мурињо? Никогаш не сум размислувал на оваа тема. Тоа е невозможно, ние чекориме по различни патеки, а јас имам петгодишен договор со Монако. Мурињо е тренер кој има фантастична кариера, доволно е да ги погледнете сите титули кои ги има освоено. Точно дека има поразличен стил од останатите тренери и менаџери и поради таквиот стил Мурињо не е меѓу омилените стручњаци. Поради тоа, Мурињо е специјален. Знам дека има многу шпекулации околу мојата иднина, но јас не се замарам со новинарските текстови. Јас сум целосно фокусиран на моите зацртани цели”, изјави 60 милионското засилување на Монако.