„Фамилијата на Заев била заразена, а Зоран не бил во изолација, колку животи загрозил?“

Секој ден Македонија се повеќе се искачува на врвот на земји во светот по смртност од ковид вирусот на милион жители, поради неспособноста на Заев, Филипче и Стојанче, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Патем слушаме дека цела фамилија на Зоран Заев била заразена, а не слушнавме ниту еднаш дека поради контакти со нив Заев бил во изолација или карантин. Тоа отвора сомнеж дека тој не ги почитува протоколите и евентуално загрозувал нечие здравје или животи. Ете затоа Македонија е жариште во Европа и светот, бидејќи власта не само што не помага, туку е и лош пример во справувањето со епидемијата. Само во последното деноноќие Македонија бележи нов црн биланс со 1.161 нови заразени и за жал 26 нови починати. Вкупниот број на заразени се искачи на 72.044 лица и 2077 вкупно починати. Со овие бројки Македонија е црн рекордер во Европа и регионот, велат од партијата.

Додаваат дека само овие 100 и кусур дена влада на Заев има речиси 1500 починати што е катастрофа. Заев, Филипче и Стојанче убедуваат дека се е под контрола, дека пикот поминал, дека нема потреба од нови мерки, а во реалноста секој ден илјадници заболуваат, а десетици умираат поради вирусот.

-Затоа најдобра мерка за заштита на граѓаните ќе биде оставката на власта на чело со Заев, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.