Фановите на Ливерпул конечно можат да здивнат – Роџерс доби “шут-карта”

158
Роџерс си заминува , фановите на Ливерпул слават

За отказот на Роџерс се шпекулираше веќе подолго време, а неговото заминување од Ливерпул се случува непосредно по градското дерби со Евертон, но и пред двонеделната пауза во Премиер-лигата поради репрезентативните настапи.

Сакаме да му се заблагодариме на Брендан Роџерс за значајниот придонес за функцуонирањето на нашиот клуб во изминатиот период. Не се сомневаме дека тој ќе има долга и успешна кариера во овој спорт. Одлуката за разделба не беше лесна, но моравме да реагираме за да создадеме можности за тимот да бележи позитивни резултати, се вели во соопштението на раководството на Ливерпул.

Се очекува “црвените од Енфилд” во најскоро време да именуваат нов стратег, а досега најгласно се шпекулираше со името на доскорешниот тренер на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.