Фараж ја напушти својата партија, била отворена кон екстремисти

Поранешниот лидер на Независната партија на Обединетото Кралство (УКИП), Најџел Фараж, истакна дека ја напушта партијата, која, според неговите зборови, станала непрепознатлива поради се поголемата отвореност кон екстремистите и расистите, објави Асошиејтед прес.

„Со болка во срцето и по сите години кои и ги посветив на партијата, денес ја напуштам УКИП”, изјави Фараж за весникот „Телеграф”.

„Откако Конзервативната и Лабуристичката партија отворено ги прекршија ветувања за референдумот и парламентарните избори, УКИП би требала да е со повисок рејтинг на анкетите. Треба за жал да признаам дека сметам дека тоа нема да се случи. Има голем простор за партијата по Брегзитот на британската политичка сцена, но просторот нема да се пополни од УКИП”, додаде еден од водечките лидери за излез на Велика Британија од ЕУ и претседател на УКИП од 2006 до 2015 година.

Фараж изрази несогласување заради растечката радикализација на партијата, откако сегашниот лидер, Џерард Батон го назначи за негов советник антиисламскиот екстремен десничар Томи Робинсон. „За време на моето раководство, УКИП не прифаќаше екстремисти, но под раководство на Батон курсот на партијата фундаментално се промени”, вели Фараж.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.