Фармерот Илиевски бара ДКСК да отвори постапка за имотот на Кирацовски

Две години функција на Кирацовски му донесоа хациенда во центар и „опел“ од 50 илјади евра.

Душко Млекарот на својот Фејсбук профил објави статус каде бара Државната комисија за спречување на корупција да истражи како поранешниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски за две години се стекнал со имот на хациенда во строгиот центар на Битола и автомобил од марката Опел „Инсигниа“ вредна 50 илјади евра.