Фатен е осуденикот кој и избега на затворската полиција

Полицајци кај Камен мост во Скопје го уапсиле А.З. (30) од Скопје, кој денес во 9.40 часот и избега на затворската полиција.

Инцидентот се случил при излез од Кривичен суд во Скопје, додека бил спроведуван од страна на затворска полиција Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и А.З е приведен во полициската станица „Центар“.