Фатен крадец при извршување на кражба во салон за автомобили

На 16.08.2021 во 05.00 часот на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 36-годишниот Т.А. од Скопје.

Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во салон за автомобили и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 од кривичниот законик.