Фатен разбојникот кој ја ограби пошта на Бит Пазар

Полицијата го расчиси вчерашното разбојништво кога во утринските часови беше ограбена филијалата на „Македонски пошти“ на Бит Пазар.

Станува збор за 31 годишниот скопјанец Љ.А. кој во поштата влегол маскиран и заканувајќи им се на вработени одзел околу 80.000 денари.

Дел од украдените пари биле пронајдени.