Фатени Бугари додека оперирале по коли во Скопје

Фатени Бугари додека оперирале по коли во Скопје. Бугарските државјани М.С.Е. (50) и Д.Г.М.(43) заработија кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба во обид“.

Пријавените на 30.10.2015 година откако влегле во Република Македонија преку ГП Деве Баир, се упатиле кон Скопје. На бул. „Френклин Рузвелт“ од патничко возило „Голф 7“, се обиделе да го одземат издувниот систем (катализаторот).

Во моментот кога го извршувале делото биле забележани од страна на полициската единица АЛФА, по што биле приведени во ПС Центар.

Од страна на судија на претходна постапка пријавените биле протерани од државата и им бил забранет влез во РМакедонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.