Фатени лицата кои со мобилен телефон ги снимаа женските тушеви во Студентскиот дом

Државниот студентски дом „Скопје“ ја информира јавноста дека се идентификувани студентите кои поставиле мобилен телефон со камера на надворешната страна на прозорецот на тоалетот на третиот кат во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, лоциран во центарот на главниот град.

Се работи за двајца студенти кои престојуваат во домот, а се фатени веднаш по дојавата. Безбедноста на студентите, како и заштитата на нивната приватност се многу важни за раководството. Секое нивно нарушување се зема за сериозен прекршок, а студентите ќе бидат соодветно санкционирани, согласно со правилникот, истакнуваат од управата на студентскиот „Кузман Јосифовски- Питу“.

Од таму истакнуваат дека во моментов се работи на поставување видеонадзор во студентските домови со цел зголемување на безбедноста на студентите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.