Фатени сириски илегалци на „Богородица“ и албански на „Блато“

Македонската гранична полиција уапсила тројца илегалци изминативе два дена, од кои двајца во моментов се сместени во Прифатниот центар за странци на МВР во Скопје, а еден е веднаш депортиран.

Во петокот во 14 часот, двајца сириски државјани, Е.А. (29) и С.И. (52) нелегално поминале преку граничниот премин „Богородица“, Гевгелија. Сиријците по извршениот разговор со полицијата се предадени во Прифатниот центар за странци на МВР во Скопје.

Во текот на вчерашниот ден, пак, во 10 часот и 55 минути во Девар во близина на градската депонија, од страна на полицијата е уапсен и депортиран албанскиот државјанин Д.Р. (24) кој остварил нелегален влез на територијата на Република Македонија преку граничниот премин „Блато“.

Д.Р. има важечка забрана за влез во Македонија од 5 јуни оваа година, по што му е изречена мерката за протерување на странец и забрана за влез во Македонија до 2 август 2017 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.