Фати најмлад стрелец во историјата на „Фуријата“, Германците уште немаат победа во Лигата на нациите

Шпанската фудбалска селекција во второто коло од Лигата на нациите во Мадрид во неделата вечер беа убедливи со 4:0 против Украина, додека Германија во Базел одигра само 1:1 со домашната Швајцарија.

Шпанците многу полесно од очекуванот се пресметаа со играчки квалитетниот состав на Украина. Два погодока постигна Серхио Рамос, веќе во 3 минута од пенал и во 29 минита. Стрелец на третиот гол беше младата ѕвезда во подем на Барселона, Ансу Фати, и со своите 17 години стана најмалдиот стрелец во исротијата на шпанската селекција. Четвртиот погодок го постигна Торес во 84 минута.

Германците кои во првиот меч од новиот циклус во судиското продолжение примија гол и пропуштија да слават над Шпанците, и во Базел пропуштија да ги совладаат Швајцарците. Гундоган ја довед Германија во водство во 14 минута, а Видмар израмни во 58 минута. До крајот на мечот дури Швајцарија создаде и подобри шанси за победа.

Интересно Германија сѐ уште нема победа во Лигата на шампионите. Минатата година не славеа во ниеден од четирите натпревари во ова наптреварување, а оваа сезона веќе имаат две ремија.

Во Лигата Б, Русија на гости славеше кај Унгарија со 3:2, откако уште во првата минута од второто полувреме имаше водство од 3:0. Напорите на Унгарците да се вратат во игра резултираа само со два погодока до крајот.

Во оваа група во Белград вечерва Србија и Турција одиграа без голови. Србите од 48 минута играа без исклучениот Коларов, но Турците не успеаја да ја искористат предноста.

Велс во Кардиф успеа да ја победи Бугарија со голот на Најс Вилјамс во последните секунди од последната четврта минута од судиското продолжение на дуелот.

Во оваа потгруп Финска со голот на Јансен во 64 минута успеа да ја изненади Ирска во Даблин.

Во Лигата Ц до првата победа стаса Словенија која во Љубљана со голот на Бохар во 28 минута против Молдавија.

Во оваа група Косово како домаќин претпре пораз од Грција со 1:2. Гостите дојдоа во водство уште во 3 минута преку Лимниос а потоа удвои Сиовас во 52 минута, а домашните намалија во 82 минута со голот на Бериша.

Претходно во Лигата Д, Фарските Острови славеа кај Андора со погодокот на Олсен во 31 минута. На Малта домашната селекција постигна два гола но мечот со Латвија заврши без победник. Малтежаните поведоа во 15 минута преку Нвоко, но по само десет минути Гвиламер ја погоди сопствената мрежа.

 

РЕЗУЛТАТИ И ПЛАСМАН

Лига А
Шпанија – Украина 4:0

Швајцарија – Германија 1:1

Води Шпанија со 4 бодови, Украина има 3, Германија два а Швајцарија еден бод.

 

Лига Б
Велс – Бугарија 1:0

Ирска – Финска 0:1

Води Велс со 6, Финска има 3, а Ирска и Бугарија по еден бод/

 

Група Б
Унгарија – Русија 2:3

Србија – Турција 0:0

Води Русија со 6 бодови, Унагрија има 3 бода, а Турција и Србија по еден бод.

 

Лига Ц
Словенија – Молдавија 1:0

Косово – Грција 1:2

Грција и Словенија имаат по 4 бодови, а Косово и Молдавија по еден бод

 

Лига Д
Андора – Фарски Острови 0:1

Малта – Латвија 1:1

Водат Фарски Острови со 5, Латвија има два, а Малта и Андора по еден бод.