Фаучи предупредува, Ковид-19 остава серизони последници кај младите

67

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека долгорочните последици од Ковид-19 може да бидат навистина тешки, особено кај младите луѓе.

„Младите луѓе, кои инаку се здрави, а се заразени со корона вирус и немаат потреба од хоспитализација, имаат симптоми со недели, а понекогаш и месеци“, изјавиФаучи на брифингот на Американското здружение за микробиологија.

Фаучи посочи дека последователните прегледи покажуваат дека многу од младите имаат кардиоваскуларни нарушувања, како и докази за миокардитис и кардиомиопатија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.