„Фавира“ лекот наменет за заболените од Ковид 19 го има само на едно место во Скопје

880

Македонските граѓани се во интензивна потрага по лекот „Фавира“, а него го има само на едно место во Скопје. Овој лек се препишува на заболени од Ковид 19, односно коронавирусот.

Како што успеавме да истражиме, лекот „Фавира“ неможе да се најде во ниту една аптека во Скопје. Тој единствено може да се набави во аптеката која е во склоп на болницата „Аџибадем Систина“. Неговата цена која ја утврди државата изнесува 5.100 денари за едно пакување кое содржи 40 таблети. Лекот „Фавира“ неможе да се набави приватно, туку се издава само со претходно препишан рецепт од надлежен лекар.

Пред извесен период весникот „Слободен Печат“ објави дека овој лек илегално се носел од Косово во Македонија.

„Граѓаните на Македонија на црниот пазар од Косово набавуваат лек за коронавирусот познат како Фавира (фавипиравир). Слободен печат истражи дека за само неколку минути преку различни Фејсбук групи може да се договори купопродажба на овој лек или соодветна замена за него“, објави весникот во својот текст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.