Фаворит сум на изборите затоа што три години работиме напорно и транспарентно, смета Јанчев

Актуелниот градоначалник на Општина Кавадарци и кандидат за освојување нов мандат, Митко Јанчев, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на „Утрински брифинг“ утрово рече дека се чувствува како фаворит на изборите, бидејќи, како што истакна, три години работел транспарентно, објективно и напорно.

– Фаворит сум на изборите затоа што три години работиме напорно и транспарентно, а за само две и пол години ја исполнивме целата предизворна кампања и наредната година и пол дополнивме со проекти кои произлегоа од урбаните, месните заедници од потребите на градот – рече Јанчев.

За да бидеш фаворит, додаде тој, единственото нешто што треба да го правиш е да си ја работиш својата работа и да бидеш достапен за граѓаните.