FAZ: Цела Европа, освен Португалија, во дострел на руските крстосувачки ракети

1607

Русија псоедува повеќе крстосувачки ракети од типот, според западната номенклатура, SSC-8 со среден дострел отколку што се знаеше, објави во неделата германскиот весник Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung (FAZ), повикувајќи се на неименувани западни разузнавачки извори.

НАТО смета дека овие системи ја кршат спогодбата за унишување на ракетите со кус и среден дострел од 1987 година постигна меѓу САД и тогашниот Советски сојуз, од кој Вашингтон и Москва најавија повлекување минатата седмца. САД подолго време ја обвинуваат Русија дека ги крши одредбите од договорот, а руската страна негира и вината ја префрла на американската.

Според Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung, во дополнувњето на силите и ракетите на полигонот за тестирања во Купустин Јар, на југот од Русија, и на вториот во Камјшлов, источно од Екатеринбург, постојат уште две локации со сили и ракети, едната во Моздок во Северна Осетија и едена во Шија, во близина на Москва. Секој од четирите баталјона има четири мобилни лансерни полигони, од кои секој има четири ракети, наведува весникот. Тоа би значелоло дека Русија има најмалку 64 ракети SSC-8 кои можат да бидат опремени со конвенционални или нуклеарни боеви глави.

Ракетите имаат дострел до 2.350 километри. Во моментов се опремени со конвенционални боеви глави со тежина од 500 килограми. Договорот од 1987-та го забранува развојот и поседувањето на нуклеарни и крстосувачки (или наведувани) проектили, со дострел од 500 до 5.500 километри. Русија, пак, тврди дека нејзините системни имаат дострел од само 480 километри.

Покрај моменталниот распоред на руските ракетни системи, источна и северна Европа се во нивниот дострел, пишува FAZ, а со нивното преместување цела Европа, освен Португалија, би била во дострелот на руските ракети.

Skin Delight