FBI ги најде укрaдените црвени чевлички од „Волшебникот од Оз“

Волшебните црвени чевлички коишто ги носи Џуди Гарланд во филмот „Волшебникот од Оз“, украдени пред 13 години од музејот во нејзуниот роден Гранд Рапидс во сојузната држава Минеота кој го носи името на актерката, се пронајдени во Минеаполис, објави американското Федерално биро за истраги (FBI).

Чевличките, коишто се осигурени на милион долари, беа украдени во август 2005 година кога некој влегол низ прозорецот во музејот, ја скршил малата стаклена кутија во којашто биле изложени и ги однел во непознат правец.

Станува зброр за, бездруго, најславните чевли во историјата на американскиот филм. Откако трипати ќе ги удри од петица во петица, главниот лик на овој филмски класик од 1939 година, девојченцето Дороти, ја остварува својата најголема желба – да се врати назад дома во Канзас.

За враќањето на волшебните чевлички во меѓувреме беше понудена награда од милион долари, но нивната судбина остана мистерија сé додека FBI во вторникот не објави дека се пронајдени во добра состојба по долгата истрага. Локалната полиција во Гранд Рапидс вели дека со години безуспешно следела многу траги. Потрагата по крадците и натаму трае, а FBI ја замолува јавноста за информации за евентуално сомнителни лица за ова дело.

Во романот на Л. Френк Баум според кој е снимен филмот, волшебните чевлички се сребрени, но за холивудските хитови од тој период се користела нова технологија на изработка на филмовите, ткн техниколор, па сребрените чевлички не биле доволно ефектни. Прифатен е друг чифт со една измена, бисерите на вровот од чевличките поради тежината се заменети со машнички а се прекиени со перли, а ги имало колу 2.300 на секоја.

Нема точни информации за тоа колку на крајот биле изработени чевлички за Дорото, но наводно станува збор за шест или седум чифта. До денес „преживеале“ најмалку три идентични чифта коишто Гарланд ги носи во „Волшебникот од Оз“. Еден од нив е изложен во Музејот на американската историја во Вашингтон, кој во 2016 година собра повеќе од 300.000 долари за да го реставрири да ги врати во првобитната состојба.