ФБИ предупредува: Кина е најголема закана за владеење на правото во САД

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) ја прогласи Кина за најголема закана за владеењето на законите во САД, додека директорот на ФБИ, Кристофер Вреј истакна дека Пекинг се обидува да ја украде американската технологија „служејќи се со сите средства“.

Вреј истакна дека ФБИ во моментот има отворено илјада истраги за кражба на технологија од страна на Кина, додека шефот на контраразузнавачката служба Џон Браун истакна дека во 2019 година поради тоа уапсени се 24 лица, а годинава 19 луѓе.

– Со таа закана и одговорот на неа треба да се посвети цела американска Влада, посочи Вреј.

Во 2019 година американските власти приведоа и протераа двајца кинески дипломати кои влегле во воена база во Вирџинија. Исто така уапсија и двајца поранешни претставници на ЦИА И ДИА кои шпионирале за Кина.

Американски претставници тврдат дека Кина подолго време агресивно се обидува да ја украде американската технологија, од воени тајни па до медицински откритија, но Вашингтон дури во 2018 година почна подетално да се занимава со наводната кинеска шпионажа во САД.