Фејк Њус партија, фејк њус власт, фејк њус држава

Иако досега дузина пати се потврдило, со случајот „Теретана“ се верификуваше гордата ,,титула” на СДСМ – Дувло на лажни вести во Македонија. Главни се во таа работа. Сите до еден, од првиот човек на партијата до чистачката. Сите лажат сушат. И Заев со Димитров со датумот за ЕУ, и онаа Шеќеринска со тоа „нашето аплицирано знаме на авионите на НАТО“, о господе боже, и оној Филипче со лажењето дека ја вакцинира внуката… еден тон има. А, кога ќе објават некоја лага, потоа стига партиска наредба до нивните медиуми, таа лага да се држи како главна вест… со денови да се бомбардира јавноста. Од друга страна, пак, кога не им одговараат објавените информации во некој медиум, веднаш хистерично врескаат дека тој медиум е извор на лажни вести. Одвратна стратегија. Стопати разоткриени досега.

Така беше и со случајот „Теретана“. Отишол Христијан Мицкоски да вежба во теретана во време на забрани поради пандемијата со Ковид 19. Во првиот случај отишол Мицкоски да си ја земе опремата од теретана во Капиштец, и таму сачекуша од партиските потрчковци на СДСМ. Веднаш снимка со мобилен. Во „Синерџи“, ги лапнале снимките од безбедносните камери. Иако, видео записите стари, и тие свесни за тоа, си искреираа лажна вест. Па, преку нивните медиуми ја вртеа темата со денови. Покренаа и кривичен случај. Но, Обвинителството непријатно ги изненеди. И таму има професионалци, не се сите партиски послушници. Нема случај. Истрагата на надлежниот обвинител покажала и докажала дека Мицкоски воопшто не бил во „Синерџи“ во периодот на забраните поради Ковид 19 пандемијата.

И сега што праиме? Нивните медиуми, секако по наредба, срамежливо ја објавија информацијата на Обвинителството. Дел дури и не ја објавија. Нормално не им одговара, се посипаа со пепел, или „сам себе го убијал“ им испадна работава.

Но, едно е јасно. Целата стратегија на лажговците од СДСМ всушност е напади кон се’ и секој, кој не е со нив. Ако не си со нив, тогаш по автоматизам те сметаат дека си против нив. Нивниот свет е црно бел. Толку. Нема ниту нијанси, ниту бои. Тоа најубаво го почуствуваа медиумите кои СДСМ не ги контролира. Го почуствуваа со нарачани полициски прогони, со нарачани кривични прогони од Обвинителството, со нарачани пресуди од Судот… а сега најново на удар се сите медиуми каде ВМРО ДПМНЕ се рекламирало за време на изборната кампања. Не се на удар оние каде СДСМ пуштил реклами, иако најголем дел од порталите под нивна контрола се активираат само во предизборен период. Фантомски портали, без име и презиме. А, кога ќе завршат изборите, никаде ги нема, умрени се. Чекаат да ги оживеат до следниот изборен циклус.

Е, таму нема контроли.

А, прогоните траат со години, откако дојдоа на власт.

Со години трае и постојаниот офанзивен пропаганден оган од СДСМ кон Мицкоски. Откако е дојден на чело на ВМРО ДПМНЕ. Постојано тајно го следат и чекаат да фатат материјал за потоа јавно да го плукаат. На пример случајот кој му го отвори Антикорупциска, лани во мај, е исто така уште еден во низата неосновани јавни оцрнувања на лидерот на опозицијата. На крајот што се испостави? Дека сите обвинувања се ветер и магла. Си призна антикорупциска јавно.

Значи целата стратегија на СДСМ е насочена кон оцрнување на ВМРО ДПМНЕ и лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски. И форсирањето на јавно небитни ликови, некои поранешни некои сеуште членови на ВМРО ДПМНЕ, преку медиумите кои си ги контролираат го докажува тоа. Да се исценира и да се наметне мнение во јавноста дека ВМРО ДПМНЕ демек е во тешка и колосална внатрепартиска криза.

А, всушност сите овие работи кажуваат едно нешто. Зошто да пукаш јавно преку медиуми со оцрнувања некој кој не значи ништо, кој не вреди ништо? Па, во Македонија има и други опозициски партии, па неможе да се прочита во медиумите ништо оцрнувачко за нив.

Кристално јасно е дека Зоран Заев и СДСМ се уплашени од Христијан Мицкоски. А, како велат – страв лозје чува. Е, тој нивни страв ги тера на да ги употребат сите подмолни нешта на кои ќе им текне, за да удрат по него. А, подмолни се многу, безобразно многу, одвратно многу.

Автор: Дејан Николовски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.