Фејсбук го откажа самитот поради новиот коронавирус

18

Компанијата Фејсбук соопшти дека го откажува глобалниот самит за маркетинг, што требаше да се одржи следниот месец во Сан Франциско, поради ризикот од новиот коронавирус.

Самитот за маркетинг требаше да се одржи од 9 до 12 март во Москон Центар, на кој се очекуваше да присуствуваат над 4.000 учесници.

Претходно, Светскиот мобилен конгрес во Барселона беше откажан откако изложувачите од телекомуникациската индустрија масовно се повлекуваа поради страв од новиот коронавирус.

Од новиот коронавирус досега починаа над 1.300 луѓе, а заразени се приближно 64.000 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.