Фејсбук отстрани две милијарди лажни профили

Нова Фејсбук апликација: Проверете кој ве избришал од пријатели

Социјалната мрежа Фејсбук од април до септември годинава отстранила 3.2 милијарди лажни содржини, како и милиони статуси со насилство врз деца и самоубиства, се вели во денешното соопштение на компанијата.

За споредба, во истиот период лани биле избришани 1.55 милијарди содржини.

Фејсбук активно открива содржини поврзани со терористички организации, како на главната мрежа така и на Инстаграм.

Во мај годинава компанијата регистриралa значително зголемен број на случаи со отворање лажни профили. Мрежата од почетокот на оваа година отстранила две милијарди такви профили. Бројот на лажни страници помеѓу активните корисници на социјалната мрежа во тој период изнесувал пет отсто.