14.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Фејсбук воведува голема промена: Оваа опција дефинитивно ќе ја сакаат сите (ФОТО)

Се сеќавате кога Фејсбук имаше хронолошки фид?

Фејсбук го напушти концептот пред повеќе од една деценија и патентираше нова почетна страница која прикажува „најдобри и препорачани приказни“ утврдени со алгоритам, наместо хронолошка листа на објави од пријатели и страници.

Мета сега одлучи да ја врати мрежата на нејзините корени и на апликацијата враќа хронолошки фид (Feeds) што ќе се состои само од хронолошки подредени објави на пријатели, групи и страници што ги следите, додека посебен извор (HOME) ќе ги прикаже препорачаните содржина определена со алгоритмот.

Фејсбук практично го подели фидот на два дела, а основачот на мрежата Марк Цукерберг тврди дека тоа е една од најбараните функции на платформата.

– Апликацијата Фејсбук ќе има две јазичиња за feed. Едниот ќе се вика Feeds и хронолошки ќе прикажува објави од пријатели, страници и групи, а другата картичка Почетна ќе ја прикажува содржината за која мислиме дека најмногу се грижите. Ова беше една од најбараните функции, а Feeds ќе им овозможи на корисниците дополнително да го приспособат и контролираат своето онлајн искуство, напиша Закерберг во објавата.

Јазичето Feeds ќе има неколку категории – сите, пријатели, групи, страници, омилени – и дополнителни опции за персонализација кои ќе им овозможат на корисниците да изберат кои пријатели, страници и групи ќе се појавуваат во хронолошкиот приказ.

Почетната страница ќе се однесува како ТикТок
Бидејќи Feeds сега е посебна категорија, Home – почетната страница – повеќе нема да биде иста.

Фејсбук веќе некое време планира да го лансира својот нов алгоритам наречен „Discovery Engine“, кој практично е клон на ТикТок, а на него во иднина ќе се базира и новиот таб Home.

Новиот алгоритам постојано „открива“ нови содржини што би можеле да им се допаднат на корисниците, а објавите најмногу го вклучуваат Reels, краток видео формат што Фејсбук неодамна го лансираше за да му се спротивстави на ТикТок.

Фејсбук се обидува да направи две работи со ова. Од една страна, да се врати основното Фејсбук искуство со помош на табот Feeds и да се воведе нова почетна страница која постојано ќе препорачува нови содржини прилагодени на вкусот на корисникот.

Алгоритмите кои постојано препорачуваат нови содржини се покажаа како исклучително успешен модел бидејќи постои динамика благодарение на која на корисниците никогаш не им е досадно. Неодамнешните истражувања покажуваат дека, благодарение на постојаното генерирање на нови содржини, луѓето поминуваат многу повеќе време на ТикТок отколку на други мрежи.

Фејсбук го знае ова и моментално го гледа ТикТок како единствена сериозна закана.

Новите картички ќе почнат да се појавуваат во апликацијата во текот на следната недела.