Фејсбук забранува објави кои го негираат Холокаустот

Фејсбук ги забранува објавите кои го негираат или изобличуваат Холокаустот врз Евреите пред и за време на Втората светска војна, а корисниците ги насочуваат кон веродостојни извори за тој нацистички геноцид,

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг најави денеска дека тоа е најновиот обид на компанијата да ги спречи „теориите на заговор“ и дезинформациите пред американските претседателски избори.

Преживеаните лица од логорите летоска покренаа кампања барајќи од Закерберг да ги отстранува од Фејсбук негирањата на Холокаустот.

Закерберг во денешниот блог наведе дека верува дека новата политика воспоставува што е прифатливо, а што не е. Тој изјави дека одлучи да ја воведе забраната кога ги видел видео податоците кои покажуваат пораст на антисемитизам.