Федерер ја објави својата одлука за „Ролан Гарос“ во 2020 година

40

38-годишниот Роџер Федерер планира да игра на Ролан Гарос во 2020 година. Швајцарецот го откри ова во интервју за „Си-Ен-Ен“. Носителот на рекордни 20 Гренд Слем титули ја потврди пред неколку дена неговата одлука да игра на Олимпијадата во Токио следната година.

Федерер, шампион на Ролан Гарос од 2009 година, го пропушти најважниот турнир на земја за три последователни сезони (2016-2018). Оваа година се врати на терените во Париз и стигна до полуфиналето, каде беше запрен од „кралот на земја“ и 12-кратниот шампион во Париз, Рафаел Надал.

– Ќе играм на „Ролан Гарос“. Веројатно нема да играм на многу турнири пред тоа, затоа што треба да се оддалечам од тенисот и да поминувам извесно време со семејството. Ќе ми треба одмор, одмор, особено ако одам на Олимпијада, рече Федерер, бр.3 во светот во моментов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.