Федерер го совлада Надал за големо финале со Ѓоковиќ на Вимблдон

Рожер Федерер се пласира во големото финале на Вимблдон, каде што го чека голема пресметка со Новак Ѓоковиќ.

Во мечот на големите мајстори на тенисот Рожер славеше со 3-1, по сетови 7-6, 1-6, 6-3 и 6-4 и ќе има шанса повторно да се бори за трофеј.

Првиот сет донесе фантастичен тенис на двете страни. И двајцата играчи без поголеми проблеми го држеа својот сервис, а единствената шанса за брејк ја имаше Надал во осмиот гејм, но не ја искористи.

На крајот првиот сет отиде во тај-брејк. Таму Федерер одигра фантастично (7-3) и на крајот го доби првиот сет со 7-6.

Сепак, Надал во голем стил се враќа. Шпанецот доминираше во првиот сет и со само еден освоен гејм за Роџер успеа да израмни на 1-1 по сетови.

Третиот сет подобро го отвори Федерер. Направи брејк во четвртиот гејм и дојде до 3-1, а потоа успеа да спаси три брејк топки на свој сервис, па патот кон освојување на сетот му беше отворен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.