Федерер најстариот тенисер во осминафиналето на Ролан Гарос од 1972-та

Рекордерот меѓу тенисерите според поединечните Грен Слем титули, 37-годишниот Швајцарец Роџер Федерер го совлада во третото коло на Ролан Гарос 20-годишниот Норвежанин Каспер Руд со 6-3, 6-1, 7-6 (8) и така стана најстариот учесник во осминафиналето на турнирот во Париз по 1972 година.

Ова беше 400-ти меч на Федерер на Грен Слем турнирите во кој стаса до својата 355-та победа. За местото во четвртфиналето во Париз, турнир на кој Швајцарецот не играше од 2015 година, Федерер ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Французитет Леонар Меиер и Николас Мау.

На Федерер му припаѓа рекордот според освоените Грен Слем турнири – 20. Федерер освои шест титули на Отвореното првенство на Австралија, осум пати го освои Отвореното првенство на САД, осум пати триумфираше на Вимлдон и досега само еднаш победи на Ролан Гарос. Има освоено и златен медал на Олимписките игри во 2008 година на турнирот во двојки и сребро во сингл на Олимпијадата во 2012 година. Федерер, исто така, има 101 победа на АТП турнирите.

Федерер до осминафиналето стаса без загубен сет. Во Ролан Гарос во 2009 година ја комплетираше колекцијата Грен Слем титули, но тоа остана и неговиот единствен триумф на парисата црвеница. Кога во Париз доаѓал до осминафинелто, Федерер само двапати не усепал да се пласира најмалку во четврфиналето, во 2000 година кога во осимнафинелто го победи Алекс Коретја, и во 2014 година го сопре Латвиецот Енрестс Гулбис.

Словакот Мартин Клижан стана последниот учесник во 3-то коло откако го совлада Французинот Лукас Пуије со 7-6 (4), 2-6, 6-3, 3-6, 9-7. Клижан до вчерашниот прекин водеше со 3-1 во четвртиот сет, но Пулије нанижа пет гемови и го одведе дуелот во петтиот гем. Во него Французинот водеше со 5-3, но не дојде до меч-топка, па по вкупно четири часа и седум минути игра на крајот сепак славепе Клижан, кој во третото коло ќе игра против Русот Карен Хачанов.

Со пресврт до осминафинелето стаса и седмиот носител, Јапонецот Кеи Нишикори, кој во петтиот сет од дуелот со српскиот репрезентативец Ласло Ѓер надомести заостанување од 2-4. Противник на Нишикори во осминафиналето е Французот Беноа Пере кој нанижа осум победи во последните пет мечеви. Нему му се предаде Шпанецот Пабло Карено-Буста откако Французинот по третиот сет поведе 6-2, 4-6, 7-6 (1).

Финалето на Ролан Гарос е закажано за 9-ти јуни, а годинава наградниот фонд изнесува 42,66 милиони евра.