Федерер низ солзи: Смртта на Картер ми беше пресвртна точка во кариерата!

Роџер Федерер ги откри своите чувства за поранешниот тренер Питер Картер во емотивно интервју за Си-Ен-Ен. Тој ја опиша ненадејната смрт на Картер пред 17 години како пресвртна точка за неговата кариера.

Картер беше тренер на Федерер во почетните години на Швајцарецот во тенисот, а почина за време на свадбеното патување во 2002-рата година, кога Федерер на Вимблдон ја освои својата прва титула од гренд слем турнир.

Кога тој почина тоа беше нешто како знак за будење и навистина потоа тренирав напорно, вели Федерер.

На прашањето како Картер сега би го прифатил фактот дека неговиот ученик има 20 титули од Гренд слем, Федерер се расплака и сподели низ солзи: Жал ми е. Се надевам дека би бил горд. Мислам дека тој не сакаше да бидам потрошен талент.

Имав неверојатна среќа во вистинските моменти да имам вистински тренери. Секако дека јас сум ги зел одлуките, но по патот имав среќа, додава Федерер.

Тенисерот е сѐ уште близок со семејството на Картер и очекува неговите родители да бидат во неговата ложата на Австралиан Опен, како и секоја измината година.