Федерер се квалификуваше за третото коло во Мајами, Зверев елиминиран од Ферер

Трикратниот шампион Роџер Федерер (Швајцарија) се квалификуваше за третиот круг на „Мастерс“ турнирот во Мајами со награден фонд од 8,36 милиони долари. 37-годишниот Федерер го порази Раду Албот (Молдавија) ​​со 4:6, 7:5, 6:3 за нешто над 2 часаигра

Во третиот круг, Маестро ќе игра против 27-годишниот Србин, Филип Крајиновиќ.

Број 3 во светот и втор носител, Александар Зверев (Германија) отпадна во вториот круг по поразот од 36-годишниот Шпанец Давид Ферер со 6:2, 5:7, 3:6. Ферер, кој учествува во турнирот со „вајл карта“ направи пет брејка во натпреварот. 21-годишниот Зверев го зеде првиот сет по само 30 минути, но потоа допушти 47 непредизвикани грешки и отпадна.

Канадскиот тинејџер Денис Шаповалов го победи Даниел Еванс (Велика Британија) со 4:6, 6:1, 6:3 и во следната рунда излегува против Андреј Рубљов (Русија), кој го елиминира број 9 вошемата, Марин Чилиќ (Хрватска) со 6:4, 6:4.
Португалецот Жоао Соуза оствари успех над Стив Џонстон (САД) со 7:6 (6), 6:4 и во третиот круг ќе игра против број 6 Кевин Андерсон (ЈАР), кој го отстрани Хауме Мунар (Шпанија) со 6:4, 3:6, 6:3. 20-годишниот Грк и осми носител, Стефанос Циципас пак, го победи Мекензи Мекдоналд (САД) со 7:6 (4), 6:1.

Во други средби од турнирот претставникот на домаќините Рајли Опелка оствари триумф над Диего Шварцман (Аргентина) со 6:4, 3:6, 6:4, Леонардо Мајер (Аргентина) го победи сонародникот Гвидо Пеа со 6;2, 6:4, број 14 – Марко Чекинато (Италија) победи без игра по откажувањето на Дамир Чумхур (Босна и Херцеговина). Давид Гофан (Белгија) го елиминира Пабло Андухар (Шпанија) со 6:4, 6:1, а Френсис Тиафо (САД) постигна успех против Миомир Кечмановиќ (Србија) со 7:6 (6), 7:6 (5) .