Федерер се повлече од Роланд Гарос

Роже Федерер објави дека се повлекува од Ролан Гарос, иако се пласираше во четвртото коло. Федерер, кој наскоро ќе наполни 40 години, изјави дека го прави тоа слушајќи го своето тело и за што поскоро да закрепне.

„По разговорите со мојот тим, решив денеска да се повлечам од Ролан Гарос. По две операции на коленото и една година рехабилитација, важно е да си го слушам телото и да не се форсирам предвреме“, изјави Федерер.

Одлуката ја донесе по победата на исцрпувачкиот меч со Доминик Кепфер, кој заврши по полноќ.

Пред да дојде во Париз, Федерер имаше одиграно само три меча во последните 16 години. Тој и претходно не криеше дека негов приоритет е Вимблдон, кој почнува на 28-ми јуни.

 Федерер во моментов е на осмото место на листата на АТП. Швајцарецот досега има освоено рекордни 103 титули и го дели со Шпанецот Рафаел Надал првто место според бријот титули на грен-слем турнирите – 20. На Ролан Гарос, пак, Федерер триумфираше само еднаш во 2009 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.