Федерер со ново историско достигнување

Носителот на 20 Гренд слем титули, Роџер Федерер, кој во моментов се подготвува за новата сезона, сè уште запишува рекорди. 38-годишниот Швајцарец стана првиот тенисер во историјата со 1.000 недели во Топ 30 на светската АТП листа.

Маестро од Базел влезе во Топ 30 за прв пат во својата кариера во октомври 2000 година и оттогаш не паднал подолу.

Федерер има вкупно 103 титули во својата кариера (Џими Конорс е прв со 109) и го држи првото место за најмногу недели на врвот на АТП листата (310) и најмногу последователни недели како лидер (237).