Федерер со пресврт до 78. титула во кариерата

Поранешниот светски тениски рекет број еден Швајцарецот Роже Федерер, се закитит со титулата на АТП турнирот во Дубаи. Тој во финалето во три сета славеше над Чехот Томаш Бердих со 3:6, 6:4, 6:3.
Како и во полуфиналето против Новак Ѓоковиќ, Федерер го загуби првиот сет, но повторно успеа да се врати и со пресврт да стигне до својата 78. титула во кариерата.
Федерер имаше 25 винери и 23 неизнудени грешкин а натпреварот, додека Бердих направи 20 винери и 29 неизнудени грешки. Швајцарецот претходно во Дубаи триумфираше во 2003, 2004, 2005, 2006, 2007 и 2012 година.