Федерер спаси седум меч топки и се избори за полуфинале на Австралија Опен

Швајцарецот Рожер Федерер ќе игра во полуфиналето на Австралија опен, откако утрово го победи Денис Сандгрен по голем пресврт во пет сета. Ветеранот спаси седум меч топки во меч што траеше три часа и 28 минути.

Федерер го доби првиот сет со 6:3, следните два сета со по 6:2 му припаднаа на Американецот. Во четвртиот сет кој траеше најдолго (час и пет минути) Федерер победи на тај-брејк со 10:8 при тоа спаси седум меч топки, а во решавачкиот петти сет беше 6:3.

Противник на Федерер во полуфиналетона Грен слемот во Мелбурн, ќе биде подобриот од дуелот Милош Раониќ – Новак Ѓоковиќ.