ФЕИТ организира Отворен ден, многу друштвени игри, натпревари и забава

Факултетот за електротехника и информациски технологии, заедно со факултетското студентско собрание при ФЕИТ, организираат Отворен ден Coffee@FEIT edition 3.0. Овој традиционален настан ќе се одржи на 06.05.2023 година со почеток во 12 часот во дворот на ФЕИТ.

Настанот има неформален карактер на кој ќе се дружат студентите, наставниот кадар и сите средношколци. Присутните ќе може да учествуваат и да се забавуваат со EscapeLab тимски натпревар за средношколци  (со награди за првите 3 тима) и со музички перформанс на официјалниот бенд МИА&МАРКО, како и на средношколските бендови од средните училишта  „Раде Јовчевски – Корчагин“ Скопје и „Таки Даскало” Битола. Исто така, учесниците може да учествуваат на Board games поддржано од компанијата Goblin Games.

„Отворениот ден со ваков неформален карактер се случува веќе трет пат, односно имаме инклузивен настан каде во содржините на денот учествуваат и посетителите на настанот. Имено, тие може да учествуваат во игрите, да се забавуваат на натпреварите, да бидат дел од музичките перформанси на групите“, објаснува професор д-р Димитар Ташковски, декан на ФЕИТ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.