Фејсбук може да предвиди колку ќе трае вашата врска

Можеби не сте знаеле, но Фејсбук многу знае за вас. Податоците кои секојдневно кружат во самиот систем се повеќе од доволни, оваа најбројна социјална мрежа да извлече различни интересни податоци за вашиот љубовен, но и живот воопшто.

Имено страницата Facebook Data Science неодамна објави истражување кое е вршено на податоци кои се разменувани на мрежата во период од 2008 до 2011 година. Се испоставило дека Фејсбук врз основа на собраните податоци, може да предвиди дали и колку ќе трае вашата врска.

Податоците до кои се дошло велат дека двојките кои ги преживуваат првите три месеци од врската, имаат поголеми шанси да бидат заедно четири години, па и подолго.

Студијата исто така ги истражувала и причините поради кои двојките се разделуваат и тоа главно во текот на летните месеци. Одмори, летовање, слободно време се главен виновник поради што врските пукаат во текот на летото.

Стдуијата го потврди она што своевремено го објасни и Марк Цукерберг. Врз основа на комуникацијата меѓу Фејсбук корисниците, може да се предвиди нивната љубовна состојба. Тој исто така врз основа на различни индикатори, како кои ви се пријатели, со кои се допишувате и на чиј профил најчесто влегувате, може со сигурност од 33 отсто да процени со кој во иднина ќе завршите во врска.