Фејсбук нападнат од хакери од Кина

Сајтот на Фејсбук беше соборен во времетраење од еден час вчера поради напад со потекло од Кина.

Некои луѓе сеуште се справуваат со проблеми заради нападот, пишуваат медиумите.

Вчера луѓето беа спречени да постираат за своите вечери или да закачуваат фотографии од своите поранешни партнери заради хакерски напад.

Вебсајтот на Фејсбук и апликациите беа недостапни околу половина час вчера, што беше најдолгото време на недостапност на веб страната за овие неколку години.

Социјалната мрежа сеуште не открила што доведе до ваквата ситуација, па излегоа шпекулации за причините- дека можеби била нападната од дистрибуиран ДДОС напад (denial-of-service – DDOS).

Ваквите напади ги соборуваат веб страниците со тоа што ги бомбардираат со вештачки сообраќај кој ги преоптоварува нивните сервиси и редовно се користи за уривање на големи вебсајтови.

„Мапата на напад“ создадена од компанија за сајбер безбедност Norse покажа активност за време на нападот којшто индицира дењка ваквиот напад можеби потекнува од Кина.