„Фејсбук“ страница повикува на убивање и насилство врз Србите и Грците

На „Фејсбук“ се појави страница „Добредојде во пеколот Србија“ на која се повикува на убивање Срби и насилство над нив. Постовите се на албански јазик, а досега има повеќе од 4 илјади лајкови.

Покрај пцовките и погрдните постови стои и фотографија на која се гледа како српското знаме гори. Стои и пост на кој се наведува дека на Србија наскоро и се ближи крајот. Исто така освен на насилство врз Србите, се повикува и на насилство врз Грците.

На профилот има и фотографија на држава која ги опфаќа Албанија, Косово, но и источните делови на Црна Гора и западните делови на Македонија и Грција.

Сраницата е основана на 24-ти февруари и вистинско чудо е како досега не е забранета, со оглед на тоа дека пропагира ширење на национална омраза и повикува на насилство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.