Фекалии се влеваат во Охридско езеро среде туристичка сезона!

Отпадни води истекуваат од колекторскиот систем во населбата Грашница во Охрид и директно се влеваат во Охридското Езеро. Непријатна миризба се шири во околината и покрај почетокот на туристичката сезона и се поголемиот број на капачи. Еколошките активисти апелираат до надлежните што побргу да преземат мерки, пишува АлсатМ.

После 30 години и повеќе ова е проблем со истекот на бајпасите кај плажата Мизо и подолу кај вливот на реката Грашница. Неколку денови нема врнежи, а бајапсите без престан течат во езерските води. Апел да се посвети внимание на овој проблем. Како екологисти од Грашница ова е најтешкиот проблем кој нѐ засега иако постојат и поситни, рече Борче Стојаноски, еколошко друштво Грашница Охрид.

Честопати пумпните станици се во дефект и не се во состојба да ја прочистуваат соодветно водата. Во лоша состојба се и самите објекти на препумпните станици. Власта најавува дека санацијата на целиот колекторски систем на охридско – струшкото крајбрежје кој е стар скоро четири децении, ќе започне на почетокот од наредната година. Дополнително ќе се работи за доизградба на системот во оние делови каде се уште нема како во селото Радожда.

Имаме колекторски систем кој триесет години без разлика кој бил на власт, кој го менаџирал, го заборавил дека постои. Не работат препумпните станици. Имаме големи хаварии на самиот колекторски систем, не работи пречистителната станица. 150 дена е рокот за изведба кога би бил затворен тој проблем. Колекторскиот систем би требало до март – април наредната година да биде решен како проблем на Охридскиот Езеро и да биде во функција комплетниот систем со сите препумпни станици, изјави Дејан Николовски, советник на премиерот Заев.

Поранешнот прв човек на општинското претпријатие кое стопанисуваше со колекторот вели дека поради не функционалноста на системот големи количини на отпадни води се влеваат во реката Црни Дрим и во дел од езерото.

Системот за одведување и прочистување на отпадни води е во целосен колапс. Доволни се сретства само за отпочнување да може стариот систем да функционира, а за рехабилитација целосна според проект на јапонска Влада реално е потребно многу време и многу средства, за да стане целосно функционален, рече Ваит Ајро, поранешен директор на колектор.

Со проектот предвидено е чистење на атмосферската и канализационата мрежа во Охрид и Струга, со цел да се спречи излевањето и поплавувањето на градските улици во иднина. Веќе е формирано ново државно Јавно претпријатие „Колекторски систем“ кој ќе управува со колекторот, но неговото седиште ќе биде во Скопје, а не во Струга како до сега. Од Владата се правдаат дека тоа е затоа што претпријатието ќе управува со сите вакви системи на ниво на цела држава.

ИЗВОР: АлсатМ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.